CHATEAU KAMNIK TEMJANIKA GOLD 2016 0,75L

880.00 ден

Категории: ,

Златна Темјаника е премиум полусуво бело вино добиено од одбрани гроздови Темјаника. Карактеристиките и привлечноста на ова вино се истакнуваат со дoдавањето на нежни ливчиња од вистинско 23-каратно злато во самото вино. Златна Темјаника, освен со својот ултрамодерен, нежно-сјаен изглед, се одликува и со мирис кој е елегантен и сензуален, со комплексни овошни ароми на сува кајсија, кора од портокал и дискретни зачински поттонови. Вкусот е средно полн, избалансиран, со хармонична свежина и овошно-зачински послевкус. Златните ливчиња присутни во Златна Темјаника се наменети за употреба во гастрономијата, сосема се безбедни за конзумација, и немаат влијание врз вкусот и мирисот на самото вино. Златна Темјаника е вино чие создавање е инспирирано од величенственоста на обичните мигови кои ги споделуваме со другите луѓе. Визуелно присутната екстраваганција и нишката на луксуз кај ова вино претставуваат порака која нe потсетува на убавината на едноставното уживање во животот.

Уживајте во ова вино како аперитив, во комбинација со лесни предјадења и суви колачи, пита од јаболка, поширани круши и сл.
Препорачана температура на послужување: 8-10°С.

Полнето: Април 2017
Алкохол: 12.5 % Vol.

Дополнителни Информации

Тежина 1 kg
Сорта

Темјаника

Локални Винарии

Шато Камник

% алкохол

12.5 %

Стил

Овошно и Меко (Бело)

Земја

Македонија

Регион

Пелагонија

Прегледи

Сеуште нема прегледи.

Бидете први што ќе го прегледате “CHATEAU KAMNIK TEMJANIKA GOLD 2016 0,75L”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *