CHATEAU KAMNIK VRANEC TERROIR 2012

3,250.00 ден

Категории: ,

Суво црвено вино добиено од 100 % гроздови од сортата Вранец, природно просушени на самата лоза. Има карактеристична густина за сортата, одлична подвижност и динамичен вискозитет. Виното се одликува со темна рубин црвена боја, а аромата е овошно-зачинска и потсетува на мешавина од зрела капина, боровинка и модра слива, со дискретна нота на нане. Со процесот од 22-месечно зреење во нови barrique буриња од американски даб се добива исклучително полн и интензивен вкус на џем од црно овошје, со долг и перзистентен чоколаден послевкус. Хармоничните киселини, меките сомотести танини и комплексното буке со префинета структура му овозможуваат на ова вино потенцијал за долго созревање. Со одлежувањето на подолг период во соодветен амбиент ова вино ќе добие дополнителна комплексност и раскош.
Препорачана температура на послужување: 16-18°С.
Комбинирајте со специјалитети од црвено месо, дивеч во пикантен сос, или јаки сирења.
Препорачуваме да се декантира пред послужување.

Алкохол: 16.2 % Vol.
Полнето: Февруари 2015

Дополнителни Информации

Тежина 1 kg
Сорта

Вранец

Локални Винарии

Шато Камник

Земја

Македонија

Регион

Повардарие

Стил

Богато и Полно (Црвено)

% алкохол

16.2 %

Берба

2012

Прегледи

Сеуште нема прегледи.

Бидете први што ќе го прегледате “CHATEAU KAMNIK VRANEC TERROIR 2012”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *