Берба: 2021
Регион: Тиквешки, Повардарје, Македонија
Сорта: 100% Совињон Блан
Алкохол: 12,5
Годишно производство: 10000 шишиња
КАРАКТЕРИСТИКИ
Боја: зелено жолта
Арома: пешнфрут, гуава и цтрусно овошје
Вкус: Средно тело полно со егзотични овошки и пријатен послевкус.
Сервирање: На 10-12 Ц со шкампи со лук, печена риба или лигњи, едноставни јадења со пилешко или јагнешко месо. Исто така убаво одговара со салати со авокадо, марула, маслинки, бело сирење. Одлечен придружник на аспарагус.
Остаток на шеќер (г/л): 1
Киселини (г/л): 5,3
Винификација: микроферментација во 5 тонски цистерни од нерѓосувачки челик со контрола на температурата и систем за пумпање, пролонгиран контакт со лушпата за поголема екстракција на посакуваните компоненти.
Потенцијал: при оптимални услови виното ќе ја задржи свежината во следните неколку години.
Потекло на грозјето: 15 годишно лозје во микролокацијата Смолник во тиквешкиот регион во вардарската долина. Густината на насадите е 4200 лози на хектар култивирани во кордон систем. Приносот е околу 10 тони на хектар. Набрано е рачно на крајот на септември во гајби од 20 кг.
Reviews
Сеуште нема коментари.