Берба: 2015
Регион: Тиквешки, Повардарје, Македонија
Сорта: Мерло, Каберне Совињон, Сира, Каберне Фран
Алкохол: 14%
Годишно производство: 3000 шишиња
КАРАКТЕРИСТИКИ
Боја: рубин црвена
Арома: црни шумски овошки (капина, боровинка) со ноти на печен даб, каранфилче, ванила.
Вкус: џемасто со балансирано полно тело, меки танини и долг завршеток.
Зреење: 24 месеци во 225 литарски буриња (барик) од американски даб и 6 месеци во шише.
Сервирање: на 16-18C со јагнешки ребра, ангус бифтек, гулаш, јаки сирења.
Остаток на шеќер (г/л): 3,2
Киселини (г/л): 5,5
Винификација: микроферментација во 5 тонски цистерни од нерѓосувачки челик со контрола на температурата и систем за пумпање, пролонгиран контакт со лушпата за поголема екстракција на посакуваните компоненти.
Потенцијал: при оптимални услови виното ќе ги подобрува своите карактеристики во следните 6-8 години.
Потекло на грозјето: 15 годишно лозје во микролокацијата Вршник во тиквешкиот регион во вардарската долина. Густината на насадите е 4200 лози на хектар култивирани во кордон систем. Приносот е околу 10 тони на хектар. Набрано е рачно на крајот на септември во гајби од 20 кг
Reviews
Сеуште нема коментари.