Винаријата Јостела е сместена во Гевгелиско-Валандовското виногорје, во Повардарскиот вински регион. Лозовите насади во ова виногорје се на надморска височина од 64 m и се под влијание на средоземната клима. Винаријата поседува сопствени лозови насади на површина од 0.4 ha, од сортите Merlot и Cabernet frank. Подигнати се 2005 година, кога е изградена и винаријата.
Виното се одликува со интензивна црвена боја и овошни ароми типични за сортата, како вишна, цреша и црна слива. Има богато тело и добар баланс на киселините, што му дава
свежина и му го продолжува животниот век. На вкус е исклучително структурно и полно.
Cе служи на температура 16-18°C.
Reviews
Сеуште нема коментари.