КОНТАКТ

Ул. Каминик бб, 1000 Скопје

+389 2 2521 786

Офицер за заштита на лични податоци

Марјан Делевски
мејл: [email protected]
телефон: +389 2 2521 786

Информации за процес на поднесување на електронски пораки

При процесот на поднесување на електронски пораки се почитуваат сите технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита при обработка на личните податоци.
За поднесување на електронска порака потребно е да ја внесете Вашата адреса за електронска пошта (е-mail адреса).
Вашата е-mail адреса и сите лични податоци кои се поврзани со адресата, не се продаваат, делат или изнајмуваат на други лица, но можат да бидат искористени при промоција на нови производи и услуги за кои мислиме дека се од заеднички интерес.

Wine.mk им овозможува на корисниците креирање и користење на сопствен e-mailaccount (адреса) кој се користи за лични потреби во Интeрнет комуникација, со обезбедена заштита и безбедност, дефинирани во Политика за приватност на податоците при користење на е-mail сервисот и online услугите на Wine.mk.
Корисникот ја дефинира својата e-mail адреса со Корисничкото име (Username) и Лозинка (Password).

Употреба, споделување и откривање на информации
1. Wine.mk ги колектира и користи Вашите лични податоци и вашиот е-mail account за да управува со Wne.mk продуктите и сервисите и да ги испорачува услугите кои сте ги побарале. Тоа подразбира:
– Исполнување на барање за производи и услуги
– Подобрување на нашите услуги
– Прикажување на персонализирани содржини и промотивни материјали (реклами)соодветно на вашите интереси.

2. Wine.mk ги користи Вашите лични податоци и вашиот е-mail account на Wine.mk за да комуницира со Вас. Тоа значи дека Wine.mk:
– Може да праќа одредени задолжителни известувања и писма, како што се писма за добредојде, опомени за плаќање, информации за прашања за технички услуги и известувања за безбедност, електронски писма на Вашата е-mail адреса, за известување во процесот на регистрација за одереден продукт или услуга на Wine.mk.Т
– Може да праќа периодични писма до корисниците, кои се сметаат за дел од Wine.mk услугата.
– Може повремено да спроведе истражувања за производи и услугите на Wine.mk кои ќе придонесат за подобрување на услугите спрема Вас.
– Може повремено да Ви испрати промотивни електронски писма со цел да Ве информира за други и нови производи или услуги на располагање од Wine.mk.

3. Wine.mk не изнајмува, продава или споделува лични податоци за Вас со други луѓе или други компании, освен за обезбедување на производи или услуги кои Вие сте ги барале, кога има Ваша дозвола или при следните случаи:
– Обезбедуваме информации на партнери од доверба кои работат во име на или Wine.mk со договори за доверливост. Овие компании можат да ги користат Вашите лични податоци за да му помогнат на Wine.mk да комуницира со Вас за понуди од Wine.mk и наши маркетинг партнери. Сепак, овие компании немаат никакво право да ги споделуваат овие информации.
– Одговараме на судски покани, судски налози или судски постапки или со цел да воспоставиме или да ги применуваме нашите законски права или во одбрана од тужби.
– Веруваме дека е неопходно информациите да се споделуваат со цел да се истражува, спречи, или превземе дејство во врска со нелегални активности, при сомнение за измама, ситуации кои претставуваат потенцијална опасност за физичката безбедност на кое било лице, нарушување на приватност и условите за користење, или како што предвидува законот.
– Пренесуваме информации за Вас доколку Wine.mk е купен или се спои со друга компанија. Во овој случај Wine.mk ќе Ве извести пред да пренесе информација за Вас и пред таа да стане предмет на поинаква Политика за приватност.