JOSTELA WINERY, ZILAVKA 2021, 0.75L

590 ден

SKU: ЈОСТЕЛА1 Категории: ,

Винаријата Јостела е сместена во Гевгелиско-Валандовското виногорје, во Повардарскиот вински регион. Лозовите насади во ова виногорје се на надморска височина од 64 m и се под влијание на средоземната клима.

Винаријата поседува сопствени лозови насади на површина од 0.4 ha, од сортите Merlot и Cabernet frank. Подигнати се 2005 година, кога е изградена и винаријата.

Жилавка се одликува со светло зеленкаста боја со многу висок сјај. Аромите се специфични за сортата. Преовладуваат овошните ароми, на зелено јаболко, праска и круша. На вкус е свежо, со многу добро избалансирани вкупни киселини, што е битно да виното биде питко и свежо. И на вкус се присутни аромите на јаболчесто овошје, но исто така збогатени со нежни ароми на праска.

Виното се пие добро разладено, како аперитив во топлите летни месеци. Одлично може да се послужи со секаков вид на риба и морска храна.

Се служи на температура од 8 – 10 °C .

Дополнителни Информации

Достапни волумени:

Земја:

Македонски винарии:

Регион:

Сорта:

% алкохол:

Берба:

Reviews

Сеуште нема коментари.

Бидете први што ќе го прегледате “JOSTELA WINERY, ZILAVKA 2021, 0.75L”

Your email address will not be published. Required fields are marked *