Винаријата Јостела е сместена во Гевгелиско-Валандовското виногорје, во Повардарскиот вински регион. Лозовите насади во ова виногорје се на надморска височина од 64 m и се под влијание на средоземната клима.
Винаријата поседува сопствени лозови насади на површина од 0.4 ha, од сортите Merlot и Cabernet frank. Подигнати се 2005 година, кога е изградена и винаријата.
Виното Розе се одликува со розе боја со виолетови нијанси. Мирисот е свеж, овошен. Доминира карактерот на малина и јагода. На вкус виното е исто така многу овошно, свежо и хармонично. Аромите на малина му даваат извесна слаткаста арома. Истовремено, виното е и свежо, што доаѓа од одличниот баланс на киселините. Виното е полно и долго останува свежината и овошјето во уста.
Ова вино е препознатливо и најпознато од нашата винарија. Се служи на температура од 8- 10 °C.
Reviews
Сеуште нема коментари.