ERA е уникатно вино од сортата Вранец добиено од доцна селективна берба на дехдрирани гроздови. Вино со интензивна рубин боја и силен мирис на шумски плодови. Со полно тело, комплексно и импресивно, ја преплавува палетата на вкусови со зрели овошја како што се боровинка, слива и аронија, кафе, темно чоколадо, продолжувајќи го вашето задоволство со долг послевкус. Особено е погодно за спарување со силна храна, печено свинско, мрсна риба, дивеч, јагнешко и зачинето сирење.
Препорачана температура на служење: 15ºC – 17ºC
Reviews
Сеуште нема коментари.