Placeholder

CHATEAU KAMNIK SPARK ROSÉ 2014 BRUT SPARKLING WINE TRADITIONAL METHODS 0,75L

Категорија:

Розе пениво вино добиено со фузија на внимателно одбрани гроздови од врвните сорти на грозје: Pinot Noir (15%), Montepulciano (20%) и Sangiovese (65%). Виното се одликува со нежна и префинета бледoрозеникава боја, како и со деликатност која се открива во сјајот на нежните меурчиња. Овој брут e добиен со традиционален метод на двегодишно созревање на виното на фин талог во шише (en tirage), со што се создава моќно и созреано буке кое пленува со впечатливи овошни ароми на свежа малина и јагода, надополнети со зачински ноти на печен лешник. Елегантниот и полн вкус совршено е избалансиран со овошни тонови, минерални поттонови и цитрусна свежина која овозможува долготраен послевкус.

Препорачана температура на послужување: 6-9°C
Уживајте во ова пенливо вино како аперитив, или во комбинација со свежо овошје или избрани сирења.

Алкохол: 11.2 % Vol.
Полнето: Aвгуст 2019

Reviews

Сеуште нема коментари.

Бидете први што ќе го прегледате “CHATEAU KAMNIK SPARK ROSÉ 2014 BRUT SPARKLING WINE TRADITIONAL METHODS 0,75L”

Your email address will not be published. Required fields are marked *