CHATEAU KAMNIK VRANEC TERROIR 2020

3.250 ден39.050 ден

Суво црвено вино добиено од 100 % гроздови од сортата Вранец, природно просушени на самата лоза. Има карактеристична густина за сортата, одлична подвижност и динамичен вискозитет. Виното се одликува со темна рубин црвена боја,  аромата е овошно-зачинска и потсетува на мешавина од зрела капина, боровинка и модра слива, со дискретна нота на нане. Со процесот од 30-месечно зреење во нови барик буриња од американски и француски даб се добива исклучително полн и интензивен вкус на џем од црно овошје, со долг и перзистентен чоколаден послевкус. Хармоничните киселини, меките сомотести танини и комплексното буке со префинета структура му овозможуваат на ова вино потенцијал за долго созревање. Со одлежувањето на подолг период во соодветен амбиент ова вино ќе добие дополнителна комплексност и раскош.

Препорачана температура на послужување: 15-18°С.
Комбинирајте со специјалитети од црвено месо, дивеч во пикантен сос, или јаки сирења.
Препорачуваме да се декантира пред послужување.

Алкохол: 15 % Vol.
Полнето: Септември 2023

 

Дополнителни Информации

Тежина 1 kg
Сорта:

Македонски винарии:

Земја:

Стил:

% алкохол:

Берба:

Достапни волумени:

, , ,

Reviews

Сеуште нема коментари.

Бидете први што ќе го прегледате “CHATEAU KAMNIK VRANEC TERROIR 2020”

Your email address will not be published. Required fields are marked *