Опис
Неодоливо првокласно вино со истакната чистота на овошни ароми на праска, киви и капки од лимон, со многу пријатна минералност. Ова Шардоне со децениски потенцијал, зрее и го продолжува својот совршен развиток во шише благодарение на стареењето во висококвалитетни дабови буриња. Притоа, не ја губи својата свежина и квалитет, развивајќи нагласена арома на коњак, полно тело и избалансирани овошни ноти.
Tемпература на служење: 11°C – 13°C










