Пенливо вино добиено 100% од Chardonnay грозје од сопствените насади на винаријата Камник. Ова пенливо вино изобилува со комплексност која се открива во раскошот на нежните меурчиња. Станува збор за Brut пенливо вино кое е добиено со традиционален метод на четиригодишно созревање во шише со што се создава моќна и елегантна арома со впечатливи овошно-зачински ноти. Карактеристиките и привлечноста на ова вино се истакнуваат со дoдавањето на нежни ливчиња од вистинско 23-каратно злато во самото вино. Golden Spark, освен со својот ултрамодерен, нежно-сјаен изглед, се одликува и со полн и кремаст вкус, совршено избалансиран со овошни ноти и минерални поттонови надополнети со цитрусна свежина со што се овозможува уживање во долготраен послевкус.
Ова пенливо вино има потенцијал за повеќегодишно соревање во шише.
Се препорачува како аперитив, во комбинација со свежа морска храна или свежо овошје.
Препорачана температура на послужување: разладено на 6-9 °C.
Алкохол: 12 Vol. %
Дегоржирано: Февруари 2021
Reviews
Сеуште нема коментари.