KARTAL WINERY, SYRAH RESERVA 2019, 0.75L

1.190 ден

Категории: ,

Сирата за ова вино доаѓа од насади кои се наоѓаат во велешкото виногорје, во селото Војница. Елегантно и комплексно вино кое освојува и кое на нос се отвора во бранови од ароми на гмечени црни капини, штотуку измелени зрна од црн бибер, димено месо и чоколадно-путерести бомбици извалкани во какао. Одлежано 24 месеци во нови дабови буриња кои го заокружуваат вкусот кој е богат, па на непце имаме исто толку црни зрели капини и темно чоколадо, проткаени со ноти на сладок корен, танините се припитомени и кадифени, а сето ова е проследено со треперлива и сеприсутна киселина. Послевкусот е долг и зачински. Вино кое едноставно е добра идеја да го имате во вашата винска колекција поради потенцијалот за неколкугодишно зреење во шише.

Берба 2019
Зреено 24 месеци во дабови буриња
Лимитирана серија од 2000 шишиња

Дополнителни Информации

Достапни волумени:

Земја:

Македонски винарии:

Сорта:

Берба:

Reviews

Сеуште нема коментари.

Бидете први што ќе го прегледате “KARTAL WINERY, SYRAH RESERVA 2019, 0.75L”

Your email address will not be published. Required fields are marked *