Суво црвено вино добиено од сортата грозје Кратошија од сопствени насади на винаријата Венец. Се одликува со интензивна темно црвена боја. Големо и богато вино чија главна одлика е овошноста, каде имаме ароми на охридска црна цреша, модра слива, сок од вишни и заднински ноти на кафе и гриоти. На непце е подеднакво елегантно и комплексно и нуди палета на овошно зачински вкусови, со одлична структура, висок екстракт, кадифени танини и р’скава киселина.
Кратошија која има повеќегодишен потенцијал за созревање во шише во вашиот вински подрум.
Содржина на алкохол 14%.
Reviews
Сеуште нема коментари.