Берба: 2015
Регион: Тиквешки, Повардарје, Македонија
Сорта: 100% Сира
Алкохол: 13,8%
Годишно производство: 5000 шишиња
КАРАКТЕРИСТИКИ
Боја: убин црвена
Арома: Пријатни ароми на црни овошки, бибер, виолетки, надополнето со земјени ноти.
Вкус: Средно тело, меки танини, сочно со зачински послевкус.
Зреење: 18 месеци во 225 литарски буриња (барик) од американски и македонски даб и 6 месеци во шише.
Сервирање: На 16-18 Ц со јагнешко или јунешко на скара, хамбургер, свински ребра, чадена гауда, зреен чедар, пармиџано, десерт од темно чоколадо.
Остаток на шеќер (г/л): 1
Киселини (г/л): 5,2
Винификација: микроферментација во 5 тонски цистерни од нерѓосувачки челик со контрола на температурата и систем за пумпање, пролонгиран контакт со лушпата за поголема екстракција на посакуваните компоненти.
Потенцијал: при оптимални услови виното ќе ги подобрува своите карактеристики во следните 6-8 години.
Потекло на грозјето: 5 годишно лозје во микролокацијата Вршник во тиквешкиот регион во вардарската долина. Густината на насадите е 4200 лози на хектар култивирани во кордон систем. Приносот е околу 10 тони на хектар. Набрано е рачно на крајот на септември во гајби од 20 кг
Reviews
Сеуште нема коментари.