Берба: 2017
Регион: Тиквешки, Повардарје, Македонија
Сорта: 100% Каберне Фран
Алкохол: 14%
Годишно производство: 3000 шишиња
КАРАКТЕРИСТИКИ
Боја: Рубин црвена
Арома: Интензивна зачинска (бибер, црвен пипер), цветна арома на љубичица и овошни ароми на шумски овошки (боровинка, рибизла).
Вкус: Средно полно тело со изразени танини и пријатен завршеток.
Сервирање: На 16-18 Ц со печено пилешко или свинско, печено или на скара телешко, јагнешко, патка или плава риба.
Остаток на шеќер (г/л): 1
Киселини (г/л): 5
Винификација: микроферментација во 5 тонски цистерни од нерѓосувачки челик со контрола на температурата и систем за пумпање, пролонгиран контакт со лушпата за поголема екстракција на посакуваните компоненти.
Потенцијал: при оптимални услови виното ќе ги подобрува своите карактеристики во следните 4-6 години.
Потекло на грозјето: 15 годишно лозје во микролокацијата Вршник во тиквешкиот регион во вардарската долина. Густината на насадите е 4200 лози на хектар култивирани во кордон систем. Приносот е околу 10 тони на хектар. Набрано е рачно на крајот на септември во гајби од 20 кг
Reviews
Сеуште нема коментари.