ПОЛИТИКА НА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ

Прибирањето на сите податоци од оваа интернет страна се во согласност со законите за заштита на личните податоци.

Прибирање и користење на личните податоци
Wine.mk e едиствен корисник на информациите што ќе ги оставите на оваа страница. Ние нема да ги продадеме, поделиме или изнајмиме Вашите информации на други во било кој облик.

Wine.mk ќе ги користи вашите лични податоци исклучиво за техничките потреби на е-продавницата , можете да добиете информација од нас за новите производи, услуги или промоции за кои мислиме дека се од заеднички интерес. Во случај да не сакате да ги добивате овие информации имате опција за исклучување.

Вие можете во секој момент да пристапите и да ги промените Вашите лични податоци оставени на Wine.mk со избирање на линкот Мојот Профил.

Регистација
Не е потребна регистација за да се користи оваа веб страница. Регистрацијата е неопходна само при комплетирање на наплатата и тогаш од купувачите се бара да внесат следниве податоци: име, презиме, датум на раѓање, е-mail адреса, корисничко име и лозинка. Опционо купувачите можат да го остават и својот телефонски број, овој податок не е задолжителен, но се препорачува со цел за полесно комуницирање при доставата.

Сподели со пријател
Wine.mk нуди опција одреден производ да го препорачате на пријател. Ако се одлучите да ја користите оваа опција од вас ќе биде побарано да го оставите името на вашиот пријател и неговата е-mail адреса. Личните податоци на Вашиот пријател нема да бидат продадени или поделени на трета страна, но може да добие информација од нас за новите производи, услуги или промоции за кои мислиме дека се од заеднички интерес. Вашиот пријател може да испрати е-mail за одстранување од оваа листа.

Пишување на коментар
Ако одлучите да ја користите опцијата за оставање на коментар треба да знаете дека сите лични податоци оставени таму можат да бидат прочитани од други. Wine.mk не е одговорен за приватноста на личните оставени на овој начин.

Нарачка
При процесот на наплата Wine.mk ги побарува следниве податоци од купувачот: контакт инфомации и адреса за испорака. Овие податоци се користат за евиденција на нарачките, за верификација дека купувачот има доволно години пропишани со закон за купување и навремена испорака.

Во моментот на реализацијата на плаќањето со платежни картички, купувачот се пренасочува на заштитена web страна на Тутунска Банка на која ги внесува податоците од платежната картичка потребни за реализација на плаќањето со што Wine.mk не располага со истите.

Подароци
Wine.mk сочувува контакт информации, адреса на испорака и телефонски број на примачите на поклон со цел да обезбеди навремена испорака на поклонот. Овие податоци не се продаваат, делат или изнајмуваат на други трети лица, но можат да бидат искористени при промоција на нови производи и услуги за кои мислиме дека се од заеднички интерес. Примачите на поклон имаат можност да се откажат од добивање на вакави е-mail пораки од Wine.mk било кога.

Cookies
Cookies се мали датотеки кои привремено се складираат на вашиот диск, овозможувајќи и на нашата е-продавница да го препознае вашиот компјутер следниот пат кога ќе ја посетите е-продавницата на Wine.mk . Wine.mk ги користи Cookies исклучиво за да собере информации кои и се потребни на нашата е-продавница.

Лог
Wine.mk користи IP адреси за анализа на трендовите, администрирање на страната, следење на интересите на купувачот и за собирање на демографски податоци. IP адреси не се поврзани со личните профили.

Безбедност
Wine.mk се обврзува да ја заштити безбедноста на Вашите лични податоци. Вашите податоци грижливо се чуваат од губење, уништување, фалсификување и неовластен пристап.

Малолетници
Wine.mk им препорачува на сите родители и старатели да ги учат своите деца како безбедно и одговорно да ракуваат со личните податоци на интернет. Малолетниците не смеат да му даваат лични податоци на Wine.mk без дозвола од своите родители или старатели. Wine.mk никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, или да ги употреби на било каков начин, ниту пак да ги проследи на трета страна без дозвола од родител или старател.

Врски со други интернет страници
Интернет страниците под оваа страница може да содржат врски до други провајдери во склоп и надвор од е-продавницата Wine.mk и оваа изјава за заштита на личните податоци не се однесува на нив. Кога ќе ја напуштите е-продавницата Wine.mk, ве молиме водете сметка и прочитајте ги изјавите за заштита на личните податоци на секоја интернет страница.

Право на информации
Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив, Ве молиме контактирајте н’е.

Wine.mk
Камник бб
1000 Скопје
Тел. 02/ 2521 786
е-пошта: support@wine.mk

На ваше барање, ќе бидете во најскоро можно време информирани кои од вашите лични податоци, доколку ги има, се прибрани за време на вашите посети на е-продавницата Wine.mk.

Објавување на промени
Доколку има некои промени во нашата политика за заштита на личните податоци, тие ќе бидат објавени во оваа изјава за заштита на личните податоци, на почетната страница и на други места за кои сметаме дека се соодветни.

Благодариме.