УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА ПРОДАЖБА

условиСите цени се изразени во денари со вклучен ДДВ.

Во согласност со Законот за трговија Wine.mk е должен да ги почитува обврските кои произлегуваат од овој закон, па според тоа:
Wine.mk врши испорака на алкохолни пијалоци преку својата е-продавница исклучиво во периодот од 09:00 до 19:00 часот
Wine.mk врши продажба на алкохолни пијалоци преку својата е-продавница исклучиво на лица постари од 18 години.
По комплетирањето на нарачката ќе добиете e-mail порака за потврда и детали од нарачката.

Плаќањето можете да го направите на два начина:
Со платежна картичка (MasterCard Worldwide, Visa International, Diners Club)
Преку банка со издавање на профактура
Доколку производот Ви е испорачан оштетен и имате забелешки во поглед на квалитетот на производот Ве молиме да се обратите до производителот и доколку истиот дозволи производот ќе Ви биде вратен.

Доколку не по наша вина сакате да го вратите производот и да Ви се вратат парите, во тој случај од крајниот износ што сте го платиле ќе Ви биде одбиен трошокот за испорака што изнесува 120 денари со вклучен ДДВ, доколку пакетот е до тежина од 10кг и 240 денари со вклучен ДДВ, доколку е потежок од 10кг. Ако сакате да го вратите производот и да Ви се вратат парите, должни сте производот да го чувате неоштетен, неупотребуван, во оригиналното пакување заедно со приложените документи.

Без оглед на тоа од кои причини сакате да го замените или вратите производот, треба претходно да ни доставите писмена изјава во која ќе ја наведете Вашата причина на e-mail адресата: support@wine.mk

Благодариме.