Розе пениво вино добиено со фузија на внимателно одбрани гроздови од врвнaта сорта на грозје: Pinot Noir (100%). Виното се одликува со нежна и префинета бледoрозеникава боја, како и со деликатност која се открива во сјајот на нежните меурчиња. Овој брут e добиен со традиционален метод на двегодишно созревање на виното на фин талог во шише (en tirage), со што се создава моќно и созреано буке кое пленува со впечатливи овошни ароми на свежа малина и јагода, надополнети со зачински ноти на печен лешник. Елегантниот и полн вкус совршено е избалансиран со овошни тонови, минерални поттонови и цитрусна свежина која овозможува долготраен послевкус.
Препорачана температура на послужување: 6-9°C
Уживајте во ова пенливо вино како аперитив, или во комбинација со свежо овошје или избрани сирења.
Алкохол: 12 % Vol.
Полнето: Јануари 2021
Reviews
Сеуште нема коментари.