Берба: 2020
Регион: Тиквешки, Повардарје, Македонија
Сорта: 100% Темјаника
Алкохол: 14%
Годишно производство: 10000 шишиња
КАРАКТЕРИСТИКИ
Боја: лимон жолта
Арома: интензивна мускатна арома со ноти на бел цвет и овошна арома на личи.
Вкус: добро балансирано, свежо, со пријатен цитрусен финиш.
Сервирање: на 10-12Ц со школки, шпаргли, плаво сирење, суви кајсии.
Остаток на шеќер (г/л): 1
Киселини (г/л): 5,3
Винификација: микроферментација во 5 тонски цистерни од нерѓосувачки челик со контрола на температурата и систем за пумпање, пролонгиран контакт со лушпата за поголема екстракција на посакуваните компоненти.
Потенцијал: при оптимални услови виното ќе ја задржи свежината во следните 3-5 години.
Потекло на грозјето: 15 годишно лозје во микролокацијата Вршник во тиквешкиот регион во вардарската долина. Густината на насадите е 4200 лози на хектар култивирани во кордон систем. Приносот е околу 10 тони на хектар. Набрано е рачно на крајот на септември во гајби од 20 кг
Reviews
Сеуште нема коментари.