Одличен аперитив, произведен од сортата Glera (85%) и останатите 15% се бленд од Chardonnay, Pinot Bianco и Pinot Grigio. Процесот на производство се одвива според претпознатливиот Charmat метод.Резултатот е младо и возбудливо суво пенливо вино погодно за сите пригоди.
Се одликува со бледо жолта сламеста нијанса со зелени подтонови надополнета со нежни меурчиња. Аромите се интензивни, цветни и овошни тонови на багремов цвет и жолти јаболки. Вкусот е свеж,пријатен и хармоничен.
Reviews
Сеуште нема коментари.