Опис
Pinot Noir e винска сорта тешка за одгледување, но резултатот е вреден за вложениот труд. Процесот во винаријата започнува со ладна мацерација која и претходи на ферментацијата. Самата ферментација се одвива две недели во контролирани услови.
Има провидна рубин боја. Деликатни вкусови на црвени и црни бобинки, дополнети со цветни ноти. Назнаки на дабово буре и ванила. Обли и добро интегрирани танини. Комплексна и долга завршница.
Најдобро е да се сервира на 17 °C – 18°C со димено месо, скара и јадења од јагнешко месо.