Суво црвено вино добиено од истоимената сорта на грозје Кратошија. Ова вино се карактеризира со длабока рубин црвена боја, која се истакнува преку винификацијата со 15% Вранец. Букетo изобилува со ароми на црвено и црно ситнозрнесто овошје, надополнети со зачински поттонови. Ова вино претставува вистинска резерва, што се должи на 30-месечното одлежување во нови и делумно користени буриња од американски и француски даб, кои допринесуваат за добивање дискретни зачински тонови на каранфилче, надополнети со мирис на мока кафе, ванила и сладок корен. Вкусот е елегантен, комплексен и полн, со одлична структура, висок екстракт, меки и кадифени танини и добро интегрирани дабови ароми преточени во долготраен послевкус. Ова вино има потенцијал на повеќегодишно созревање во шише.
Виното се служи на температура од 15-18°С, во комбинација со разни видови месо, особено дивеч во пикантен сос.
Алкохол: 15%
Полнето: Септември 2022
Reviews
Сеуште нема коментари.