Ова суво црвено вино е добиено 100% од сортата Pinot Noir, од внимателно селектирани гроздови. Мирисот е впечатлив и открива ароми на малина, брусница и вишна. Вкусот е среднополн, елегантен, со испреплетени ароми на црвено овошје и сладок корен, надополнети со зачински ноти на каранфилче и дим, завршувајќи со долг послевкус. Хармоничната свежина и меките сомотести танини му овозможуваат на виното капацитет за повеќегодишно созревање во шише.
Препорачана температура на послужување: 13-15°C.
Ова вино одлично се комбинира со специјалитети од димен лосос, пате од гуска, или со одбрани меки сирења.
Алкохол: 14 % Vol.
Полнето: Август 2023
Reviews
Сеуште нема коментари.