Виното е добиено 100% од сортата Sauvignon Blanc, од сопствените насади во непосредна близина на винаријата Камник. Ова вино има специфична зелено-жолта боја и кристална бистрина. Мирисот, кој е сортен и типичен, открива дискретни вегетативни ноти во комплекс со цитруси и тропско овошје. Вкусот е средно полн, со карактеристична свежина, минерални поттонови и пријатен и хармоничен послевкус.
Виното се ужива разладено на 7-10°C, во комбинација со свежа морска риба, предјадење од лосос, зелена салата и пилешко месо.
Алкохол: 12 % Vol.
Полнето: Јуни 2024
Reviews
Сеуште нема коментари.