Берба: 2015
Регион: Тиквешки, Повардарје, Македонија
Сорта: 100% Каберне Фран
Алкохол: 13%
Годишно производство: 5000 шишиња
КАРАКТЕРИСТИКИ
Боја: рубин црвена
Арома: зрели црни овошки (капини), зачини, чоколадо, кафе.
Вкус: богат и комплексен со меки свилени танини, средно тело и пријатен завршеток.
Зреење: 18 месеци во 225 литарски буриња (барик) од американски даб и 6 месеци во шише.
Сервирање: на 16-18C со црвено месо на скара, зачинета (кинеска) храна, печена патка, зреено тврдо сирење.
Остаток на шеќер (г/л): 1
Киселини (г/л): 5,2
Винификација: микроферментација во 5 тонски цистерни од нерѓосувачки челик со контрола на температурата и систем за пумпање, пролонгиран контакт со лушпата за поголема екстракција на посакуваните компоненти.
Потенцијал: при оптимални услови виното ќе ги подобрува своите карактеристики во следните 6-8 години.
Потекло на грозјето: 5 годишно лозје во микролокацијата Вршник во тиквешкиот регион во вардарската долина. Густината на насадите е 4200 лози на хектар култивирани во кордон систем. Приносот е околу 10 тони на хектар. Набрано е рачно на крајот на септември во гајби од 20 кг
Reviews
Сеуште нема коментари.