Берба: 2018
Регион: Тиквешки, Повардарје, Македонија
Сорта: 100% Карменер
Алкохол: 14%
Годишно производство: 5000 шишиња
КАРАКТЕРИСТИКИ
Боја: рубин црвена
Арома: истакната арома на зрели црвени овошки, цреша и зелена бабура надополнета со зачински ароми на зелен бибер, какао и кафе
Вкус: богат вкус со префинети меки танини, средно тело и пријатен послевкус
Зреење: 18 месеци во 225 литарски буриња (барик) од американски и француски даб и 6 месеци во шише.
Сервирање: на 16-18C со печено прасечко, печено темно месо од мисирка, телешка кременадла, манџа со јунешко или јагнешко месо, козјо бело сирење.
Остаток на шеќер (г/л): 2,2
Киселини (г/л): 5,9
Винификација: микроферментација во 5 тонски цистерни од нерѓосувачки челик со контрола на температурата и систем за пумпање, пролонгиран контакт со лушпата за поголема екстракција на посакуваните компоненти.
Потенцијал: при оптимални услови виното ќе ги подобрува своите карактеристики во следните 6-8 години.
Потекло на грозјето: 5 годишно лозје во микролокацијата Кошариште во тиквешкиот регион во вардарската долина. Густината на насадите е 4200 лози на хектар култивирани во кордон систем. Приносот е околу 10 тони на хектар. Набрано е рачно на крајот на септември во гајби од 20 кг
Reviews
Сеуште нема коментари.