Колекција: Sommeliers
Препорачуваме за: Sauternes
Број: 4400/55
Година: 1989
Висина: 200 mm, 7-7/8″
Волумен: 340 ccm, 12 oz
Оваа чаша e создадена во 1989 во соработка со Харди Роденсток (Hardy Rodenstock), кој од страна на The Wine Spectator e често именуван како „најекстравагатен колекционер на вино во светот”.
Прво била создадена како чаша за суво бело вино, како дел од колекцијата стакло HR1 на Riedel. Доволно иронично, користењето на оваа чаша низ светот понатаму покажало дека оваа чаша е идеална за Sauternes и слатки вина. Невообичаениот закривен облик ја акцентира аромата на кајсија типична за вина правени од грозје зафатено од габата Вotrytis (благородното зрно „noble rot” се добива кога Botrytis cinerea ќе го „нападне” зрелото грозје и тоа предизвикува пораст на количеството на шеќери во грозјето. Одредени вина како француското Sauternes и унгарскиот Токај се прават од вакво грозје).
Оваа чаша е создадена да ја нагласи карактистичната киселост на виното, преку балансирање на присутната слаткост на виното со заводливиот финиш. Оваа форма е сега додадена кон колекцијата чаши од серијата Sommeliers како чаша Sauternes и чаша за десертни вина.
Препорачуваме за: Ausbruch, Auslese, Barsac, Beerenauslese, Eiswein, Jurançon moelleux, Loupiac, Monbazillac, Picolit, Recioto di Soave, Quarts de Chaume, Sauternes, Tokaji, Trockenbeerenauslese, Vins Liquoreux.