Небјоло сортата на грозје е одгледувана во Пјемонте регионот, во Италија, кој овозможува производство на извонредни вина. Небјоло има комплексни вкусови и ароми, вклучувајќи ружи, цреши, труфли и мента. Можат да се осетат мали количества на катран, тутун и кожа. Останатите карактеристики на виното, создадено од Небјоло сортата, вклучуваат викосоприсутни танини, висока киселост и висок процент на алкохол. Со тек на зреењето Nebbiolo вината добиваат портокалови нијанси.
Небјоло Д’Алба (Nebbiolo d’Alba D.O.C.) иако црвени вина, бараат само 1 година зреење, споредено со минимум потребните 3 години на зреење за Бароло (Barolo) и 2 години за Барбареско (Barbersco) вината. Овие вина се добро оценувани и согледувани како полесни верзии од Бароло и Барбареско. Иако повеќето од овие вина се непенливи и суви, DOC правилата исто така дозволуваат слатки и пенливи верзии на истите.
*-denominazione di origine controllata – D.O.C. (клацификација според називот на потекло од одредени региони и од сорти на грозје).
Reviews
Сеуште нема коментари.