Берба: 2016
Регион: Тиквешки, Повардарје, Македонија
Сорта: 100% Мерло
Алкохол: 13%
Годишно производство: 15000 шишиња
КАРАКТЕРИСТИКИ
Боја: Рубин црвена
Арома: Пријатна арома на црвени и црни овошки (црна рибизла, црна слива) и зачински ноти на ванила и каранфилче.
Вкус: Средно полно тело со меки танини и пријатен послевкус.
Зреење: 3 месеци во 225 литарски буриња (барик) од американски даб и 6 месеци во шише.
Сервирање: На 16-18 Ц со шпагети болоњезе, ќофте во сос, чизбургер, кинеска крцкава патка, зачинети кратки ребра или крилца.
Остаток на шеќер (г/л): 1
Киселини (г/л): 5,1
Винификација: микроферментација во 5 тонски цистерни од нерѓосувачки челик со контрола на температурата и систем за пумпање, пролонгиран контакт со лушпата за поголема екстракција на посакуваните компоненти.
Потенцијал: при оптимални услови виното ќе ги подобрува своите карактеристики во следните 6-8 години.
Потекло на грозјето: 15 годишно лозје во микролокацијата Вршник во тиквешкиот регион во вардарската долина. Густината на насадите е 4200 лози на хектар култивирани во кордон систем. Приносот е околу 10 тони на хектар. Набрано е рачно на крајот на септември во гајби од 20 кг
Reviews
Сеуште нема коментари.