Декантерот Face to Face (Лице во лице) вклучува два конкавни профили кои гледаат една во друга во внатрешниот дел на садот. Ова се профилите на 11-тата генерација на RIEDEL , Laetizia и Maximilian, и овој иновативен елемент претставува навистина храбар дизајн.
Со неговиот грациозен врат, овој декантер е идеален за заживување на младите вина. Со тресење на виното додека не се формира наслага од пена се постигнува максималниот ефект на кислород на младите танини.
Како и остатокот од колекцијата Black Tie, Face to Face e украсен со црна лента кој грациозно се протега од од врвот до дното на садот. Ова се постигнува со доближување на прачка од црн кристал на топеното стакло пред да се формира декантерот.
Додадениот карактеристичен дизајн на овој декантер не смее да служи како рачка.
Име: Black Tie Face To Face
Број: 4100/13
Година: 2009
Висина: 600 mm, 23-5/8″
Волумен: 1766 ccm, 62-1/4 oz
Reviews
Сеуште нема коментари.